Бунтовничките сили во источниот дел на Украина убија 14 украински војници, тврди в.д. претседателот Турчинов.
Како што пренесуваат светските агенции, во Луганск е прогласена е вонредна состојба и објавена е општа мобилизација на мажите меѓу 18 и 45 години, a регионот останува во состојба на приправност, поради инвазијата од широки размери на воените единици во Киев.
Според агенциите, во тек се вооружени судири на украинската национална гарда и луганските сили во близина на неколку градови.