Премиерот, вицепремиерите, универзитетски професори, академици, бизнисмени и граѓански активисти, денеска учествуваат на форумот, насловен „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“,по повод две години од формирањето на Владата.
На првата сесија „Промени 2017 – 2019: Од поделено и изолирано општество пред колапс, до стабилно, солидарно и почитувано општество“ ќе се говорат премиерот Зоран Заев и вицепремиерите Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Кочо Анѓушев.