Народот се собира во Ватикан во Рим и се очекува еден милион да присуствуваат на инаугурацијата на Папата Францис, јавува Би-Би-Си. Политичките и верските лидери од целиот свет, исто така, присуствуваат на миса на плоштадот Свети Петар, по повод официјалниот почеток на новото папство.
Првиот папа од Америка, Францис изјави дека тој ќе земе поскромен пристап од претходниците.
Францис беше избран од страна на конклавата на кардиналите минатата недела, како наследник на Бенедикт Шеснаесетти, кој беше првиот папа во 600 год. да абдицира. Како причина ги посочи неговите години, 85, изјавувајќи дека дека не може да ја продолжи функцијата.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ќе присуствува на церемонијата за инаугурација на новоизбраниот папа Францис.