Поранешниот припадник на Армијата на БиХ, Бејдо Бунар денеска излезе на улиците на Сараево за да се солидализира со своите граѓани, како што вели, многу тешко се живее, а на протести доаѓа секој ден.
Тој денеска донесе јаже, го обеси на бандера и со направи јамка околу вратот, а во рацете држи парола со натпис- помогни ни Европо.
Како што изјавил за Klix.ba на тоа го натерала маката.
„Секоја приказна е излишна и овој мој потег кажува се. Скокаме од згради, се обесуваме и убиваме со бомби. Ни ветија работа и златни лажици, а ние немаме ништо“, вели воениот инвалид кој бил двапати ранет во Сараево.
Како што рекол за Klix.ba, бил на граница на животот во 1995 година кога бил погоден од снајперски куршум.
Досегашните протести низ повеќе градови во БиХ резултираа со оставка на премиери на четири кантони и над 40 министри.
Протестите се одржуваат со барање за смена на власта на сите нивоа, но и за укинување на привилегиите на политичарите.
Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе од денеска е во дводневна официјална посета на Сараево по неколкудневните социјални немири во земјата.