Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Војна и нуклеарки: Што вели меѓународното право?

0
By Sashko on August 19, 2022 СВЕТ
Фото: nature.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според Женевската конвенција од 1949 година, под одредени околности не е забранет напад на нуклеарни централи. Притоа примарна цел е заштита на цивилното население.

Нуклеарната електрана Запорожје, на југот на Украина, од март е под контрола на руската војска, а од крајот на јули неколку пати е мета на гранатирања. Тоа предизвика страв од нуклеарна катастрофа во најголемата постројка од тков тип во Европа. Киев и Москвa меѓусебнои се обвинуваат за нападите, додека Советот за безбедност на Обединетите Нации (ОН) во текот на минатата недела одржа итен состанок за ситуацијата во Запорожје. Меѓутоа, не се приближи до решение.

Не е првпат во оваа војна да се поставува прашањето за нуклеарна безбедност. Притоа не станувa збор само за можна употреба на нуклеарно оружје, мисла што отворено ја изнесе и рускиот претседател, Владимир Путин, туку за нуклеарните централи како воени цели.

Неверојатно прецизни правила

Што вели меѓународното право за тоа? – Женевската конвенција од 1949 година и нејзините, подоцна, додадели протоколи го регулираат водењето на вооружени конфликти и имаат за цел да ги ограничат нивните ефекти. Членот 56 од Првиот Додаден протокол од 1977 година се однесува на „Заштита на инсталациите и објектите кои содржат опасна сила“. Покрај брани и насипи, децидно се посочуваат и нуклеарни централи.

Бидејќи и Украина и Русија се потписнички на Женевската конвенција и не изразија никакви резерви во врска со Првиот Додатен протокол, прописите се применуваат за двете држави.

Тие прописи се неверојатно детални. Во принцип, нуклеарните електрани не можат да бидат нападнати според став 1 „дури и ако претставуваат воени мети, доколку таквиот напад може да ослободи опасни сили и со тоа да предизвика големи жртви меѓу цивилното население“. Овде несомнено се мисли на радиоактивно зрачење.

Станува збор за еден од принципите на меѓународното хуманитарно право – разликување на воени и цивилни цели. Може да се напаѓаат само воени цели и тоа само под одредени околности. Во секој случај, цивилното население мора да биде заштитено.

Нуклеарките како „поддршка на воените операции“

Меѓутоа, тој пасус, исто така, покажува дека нуклеарните централи не се апсолутно табу. Нападот може да биде дозволен под одредени околности, ако не се очекуваат големи жртви меѓу цивилното население.

Во ставот 2 се регулира во кои околности тоа може да се прави, односно „кога нуклеарните централи испорачуваат електрична енергија за редовна, значајна и непосредна поддршка на воените операции и кога таквиот напад е единствено изводливо средство за прекинување на таквата поддршка“.

Првата точка, секако, е прашање на толкување. Речиси секоја нуклеарка за време на војна обезбедува струја и за цивилните потрошувачи и за воените операции. И тоа е, речиси, невозможно да се раздели. Но, дали дава „зчачајна“ поддршка на воените операции?

Од тука, на посматрачот е да процени дали нуклеарка е легитимна воена цел или не.

Примарна цел – заштита на цивилно население

Исто така е тешко да се докаже дали нападот е „единствено изводливо средство“ за прекинување на воените операции.

Во секој случај, потенцијлен агресор мора да го разгледа и почитува принципот на пропорционалност: Дали воената корист овде јасно ги надминува ризиците? – Какви ќе бидат последиците за цивилното население? – Дали постојат и помалку опасни начини да се направи нукеарка да биде неупотреблива? – На пример, со уништување на далекуводите и на тој начин да не може повеќе да испорачува струја. Секако, и прекинувањето на снабдување со струја може тешко да го погоди население, пред сè во зима.

Меѓутоа, дури и кога околностите оправдуваат напад, став 3 од Додатниот протокол вели дека „цивилното население и натаму има право на секаква заштита која ја дава меѓународното право“. Напаѓачот, имено, мора да направи се за заштита на цивилите од радијација, на пример со евакуација на околните подрачја.

Војска може да биде распоредена кај нуклеарки – како одбрана

Ставот 5 е, исто така, релевантен за конфликтот околу нуклеарката Запорожје. „Страните вклучени во конфликтот настојуваат да не поставуваат никакви воени цели во близина на постојката или на објектите споменати во став 1“.

Украина ја обвинува Русија дека се „вдомила“ во нуклеарката и дека практично ја користи како штит за да избегне украинско гранатирање. Од друга страна, локалниот окупациски службеник Владимир Рогов во понеделникот ја обвини Украина за тешко гранатирање од американски хаубици чии проектили паѓаа во близина на нуклеарката во станбени подрачја.

Но, го пишува и ова – „Објектите кои се направени за одбрана на заштитени постројки или објекти од напад, се дозволени и не смеат да бидат нападнати“. Својата војска во нуклеарката, Русија несомнено ќе ја прикаже како исклучително дефанзивна.

Заклучокот е следен: државите кои ја потпишаа Женевската конвенција и нејзините додатни протоколи, вклучително и Украина и Русија, си поставија пред себе високи пречки за напади на нуклеарни централи. Меѓутоа, такви напади не се исклучени во целост, дури и ако околностите под кои се дозволени се многу тесно дефинирани.

Сепак, практичните ефекти на членот 56 од Првиот Додаден протокол заедно со Женевската конвенција се ограничени. Бидејќи обично останува прашањето на толкување дали тие околности постојат во конкретен случј или не. Покрај то, Русија има постојано место во Советот за безбедност на ОН со право на вето и може да ги спречи сите можни санкции на Обединетите Нации поради кршење на меѓународното право.

Преземено од dw.com

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.