Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Војната со донер-ќебапите се разгорува, Германија се бори со Турција за заштита на храната

0
By Ана Василевска on July 25, 2024 ВЕСТИ, ИЗБОР, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германските производители предизвикаа спор со поднесување противење на турската апликација за доделување на специјален статус на донер-ќебапот на ниво на ЕУ, иницирајќи период од шест месеци за решавање на несогласувањата.

На турската апликација до Европската комисија за донер-ќебапот да му се даде слично признание од ЕУ како неаполската пица и шпанскиот џамон серано, се спротивстави Германија, изјавија за Еуроњус извори блиски до ова прашање.

Како што е соопштено, во април Турција  поднела барање за регистрирање на името „döner“ во Европа за да може да го користат само оние производители кои се во согласност со регистрираниот метод на производство и спецификациите на производот.

Фаза на консултации за земјите-членки на ЕУ да ја оспорат регистрацијата врз основа на загриженоста за интелектуална сопственост, заврши вчера (24 јули) и портпаролот на Комисијата потврди за Еуроњус дека е примено противење на апликацијата, иако извршната власт на ЕУ одби да потврди која земја се спротивстави на апликацијата.

Два извори блиски до ова прашање изјавија за Еуроњус дека германското федерално министерство за храна и земјоделство со седиште во Бон, сепак, поднело противење на турската апликација.

Изворите рекоа дека германското министерство го изнесе својот случај по повратните информации и позициите поднесени од неколку здруженија на германски производители, додавајќи дека отпорот кон турската апликација го одразува ставот на германските производители, а не на германската влада.

Во следната фаза од постапката, Комисијата ќе ја процени прифатливоста на опозицијата, а потоа ќе ги олесни дискусиите помеѓу апликантот и противникот, дозволувајќи им до шест месеци на спротиставените да постигнат договор, кој, доколку се постигне, мора да се пријави назад до Комисијата во рок од еден месец.

Според портапаролот, без разлика дали ќе се постигне договор или не, конечната одлука за регистрација ќе ја има Комисијата.

Турција бара заштитна ознака „традиционален специјалитет“, слична на онаа што им е доделена на неаполската пица и шпанскиот џемон серано. Иако понекогаш се поврзуваат со шемата за заштитена ознака на потекло (ПДО) на ЕУ, традиционалните специјалитети не се дел од рамката за географски ознаки (ГИ), која нуди највисоко ниво на интелектуална заштита на храната во Европа.

Сепак, целта на барањето на Турција е да го регистрира името döner во Европа, осигурувајќи дека неговата употреба е ограничена на производителите кои се придржуваат до регистрираните методи и спецификации. Доколку е успешно, само парчињата говедско и јагнешко месо „хоризонтално исечени на котлети со дебелина од 3-5 мм“ може да бидат означени како јапрак (или исечени) донер, додека пилешките котлети мора да бидат дебели 1-2 см.

Овие технички детали наведени во апликацијата се веројатната причина за триење меѓу германските и турските производители околу тоа како се прави најпопуларната улична храна во Германија.

Терминот döner доаѓа од глаголот „dönmek“ („вртење“ на англиски), но повеќето Европејци го знаат едноставно како ќебап „döner“ – со додавање на името што се користи во арапскиот збор за сите видови месо варено пред оган.

Извор: Еуроњус

Подготви: А. В.

Германија Донер-ќебап Турци во Германија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.