Синот на соборениот египетски претседател Мохамед Морси, Усаме Мохамед Морси денеска изјави дека за киднапирањето на неговиот татко е одговорен министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на египетската армија Абдулфетах Сиси, пренесува МИА.
Усаме Мохамед Морси истакна дека ќе побара од Меѓународниот кривичен суд да отвори истрага за киднапирањето на неговиот татко.
Тој наведе дека неговото семејство ниту го видела ниту контактирало со соборениот претседател, откако тој е сменет со воен удар на 3 јули.