Белата куќа дознала ова лето дека НСА ги прислушувала телефоните на светските лидери и нареди запирање на некои од прислушувањата, објави во неделата Вол Стрит Џурнал (The Wall Street Journal).
Цитирајќи неидентификувани американски официјални претставници, веб-страница на весникот пишува дека прислушувањето на околу 35 странски лидери беа откриени во Белата куќа како дел од прегледот на надзорни програми по наредба на претседателот Барак Обама откако од Едвард Сноуден протекоа класифицирани детали за телефонските системи за следење.
Белата куќа нареди прекин на следење на германската канцеларка Ангела Меркел и неодредени други лидери, наведува весникот. Во извештајот весникот не прецизираше кој дал наредба за исклучувањето или дата кога е таа е издадена.