На денешната средба на новоизбраниот претседател на СДСМ Зоран Заев со американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс покрај за состојбите во земјата се разговарало и дека амбасадорот Волерс го истакнал значењето и улогата на силна опозиција како вистински коректив на власта.
Според партиското соопштение Заев нагласил дека СДСМ ќе продолжи со својот позитивен однос кон евроатланските интеграции на Македонија и ќе ги поддржи сите реформи за членство на земајата во ЕУ и НАТО, што било поздравено од амбасадорот Волерс.