Андреас Трајковски освои бронзен медал во скок во далечина на Балканските игри што се одржуваат во Волос, Грција.
До медалот дојде со скок од 7,77 метри што ги скокна во последната серија.
Златнит медал го освои Милтиадис Тентоглу од Грција со 8,07 метри, а сребрениот Божидар Сарабујуков од Бугарија со 7,90 метри.
Многу сум среќен што денес освоив бронзен медал за Македонија. Условите со ветерот беа навистина тешки за сите скокачи, па затоа сум навистина задоволен со скокот од 7.77 метри против Милтос Тентоглу.
Трајковски оваа година беше финалист на Европското првенство во сала во скок во далечина каде го освои 8 место во Апелдорн ,Холандија), а пред еден месец го освои првото место на Европското еипно првенство во Марибор, Слвенија.