Њујорк: Пентагон веќе неколку месеци ја блокира употребата на оружје со долг дострел од Украина за напади длабоко во Русија, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани претставници.
Весникот истакнува дека ветото на САД за напади со оружје со долг дострел ги ограничува украинските воени операции, додека Белата куќа се обидува да го принуди Кремљ да започне мировни преговори.
Нападите со американските системи ATACMS со долг дострел не се извршени од крајот на пролетта, Кијив еднаш се обиде да ги користи за напади длабоко во Русија, но САД го забранија тоа, потсетува весникот.