Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во моментот спроведува вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница Штип, откако 25-годишент пациент починал од сепса, информираат од Министерството за здравство (МЗ).
Како што соопштија од МЗ, директорот на штипската болница Ален Георгијев побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентот.
Претходно роднините на починатиот пациент Ј.Д. (25) од Берово на социјалните мрежи информираа дека тој починал од сепса по дренажа на заб во штипската болница.
Смртта на пациентот ја потврдија и од штипската болница. По завршениот вонреден инспекциски надзор, Министерството за здравство информира дека јавноста ќе биде поконкретно информирана.