Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вонреден прес на Милановиќ: Дронот бил следен од влез во Хрватска до падот кај Загреб

0
By Sashko on March 11, 2022 НАСЛОВНА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватскиот претседател и врховен командант на вооружените сили, Зоран Милановиќ утрово свика итен состанок со членовите на оружените сили на Хрватска и безбедносно разузнувачките агенции поради падот на беспилотно летало од воен тип крај Загреб. Притоа бил информиран за досегашните сознанија и околности за синоќешниот инцидент.

„Знаеме каков објект долетал и од каде. Не добивме никаква дојава од разузнувачките служби. Ова е сериозен инцидент и истрагата е во тек. Ги повикувам граѓаните да останат мирни, бидејќи вакви работи може да се случат во воени конфликти. Мора да утврдиме како дојде до ова и зошто ова летало со големина на авион не било соборено“, рече Милановиќ во воведниот дел од обраќањето.

„Се истражува како леталото минало толку време во воздух. Радарите го детектирале , но ова не е момент за прозивки. Мене ме интересира како едно несофистицирано летало минало еден час во нашиот воздушен простор. Знаеме дека не е од регионот. Случајот е сериозен. Ги имаме сите податоци и седница на Советот за безбедност не е потребна, оти тоа не е оперативно тело“, истакна хрватскиот претседател.

„Нашата противвоздушна одбрана е скромна, како што е случај и во цела источна Европа, освен во Полска. Тоа не е задоволувачко ниво, но колку вложуваме, толку ќе имаме. Ајде нешто да научиме од ова, иако ова е вонредна ситуација и ние зависиме од НАТО партнерите. Чудно, со денешната техника“, додаде Милановиќ.

Тој на некој начин да потврди теоријата дека леталото било програмирано за мисија на Јарун кај Житомир во Украина, но паднало во Јарун кај Загреб.

„Нема загинати и повредени во инцидентот, па нема смисла и да го „рибаме“ украинскиот амбасадор. Знаете каква е состојбата таму. Шефот на НАТО е техничко лице, а сведоци на вакви работи бевме и за време на бомбардирањето на Србија. Немам намера да го прозивам. Се надевам дека ќе научиме нешто од ова“, заклучи шефот на хрватската држава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.