Австрија која моментално е претседавач на Советот на Европа, повика на барање на Украина вонреден состанок.
Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц соопшти преку Фејсбук, дека официјална Виена повикала на вонредна седница.
Тој оцени дека ЕУ, Советот на Европа, Организацијата за европска безбедност и соработка, како и ОН мораат заеднички да делуваат со цел пронаоѓање на мировно решение и смирување на ситуацијата во Украина, јавува Б92.
Инаку, австриските банки минатата недела, на барање на Министерството за надворешни работи и уредбата на Националната банка им ги замрзнаа сметките на 18 украински државјани блиски на режимот на Виктор Јанукович.