Во Русија две лица се убиени, а шест се повредени кога 25-годишен напаѓач влегол во црква и истурил оган врз верниците за време на мисата.
Настанот се случил во рускиот град Сахалин, на источниот дел од државата. Во нападот се убиени две калуѓерки и еден верник.
Според првичните информации напаѓачот работел во една приватна фирма која се занимавала со обезбедување.
Пукањето се случува кога руските безбедносни сили го имаат зголемено нивото на безбедност поради загриженост од можни напади за време на Олимписките игри во Сочи.