Група вооружени лица ја зазела контролата над воениот брод „Славутич“, еден од последните бродови на украинската морнарица, објави на својата фејсбук страна портпаролот на министерството за одбрана на Украина, Владислав Селезњов.
Бродот останал изолиран во област која се смета за непријателска за новата прозападна влада во Киев. „Извори од Севастопољ рекоа дека припадници на проруската полиција и специјални руски сили го зазеле „Славутич“ – напишал Селезњов.
Украинското министерство во четврток соопшти дека група од 20 вооружени лица го запленила украинскиот воен брод „Термопиљ“, во пристаништето Севастопољ на Крим.