Истрели и експлозија се слушнале за време на наставна обука на колеџот во северно нигерискиот град Конго јавува Би-Би-Си.
Студентите биле видени како бегаат од колеџот. Еден студент по телефон изјавил дека забележал 17 мртви тела на местото на настанот.
Не е јасно кој е одговорен, иако се сомнева дека ова е дело на милитантската исламистичка група Боко Харам, која води бунт во Нигерија уште од 2009 година.
Во јули градот доживеа серија од пет напади во четири дена, од кои еден исто така беше насочен кон колеџ и уби шест лица.
Во мај 2013-та година, претседателот на Нигерија, Гудлак Џонатан, воведе вонредна состојба во северните делови на државите Борно, Адамава и Јоб со ветување дека ќе го задуши востанието.
Сепак, милитантите ги засилиле нападите, при што годинава загинаа повеќе од 2000 цивили, според Њујорк Хјуман Рајтс Воч.