Денеска наутро сите системи за ладење на базените со нуклеарно гориво беа оспособени и нема опасност од радијација.
-Воспоставено е снабдувањето со електрична енергија во нуклеарната централа Фукушима, со што системот за ладење на реакторот повторно функционира, соопштуваат од јапонската електроенергетска компанија „Тепко”.
Од „Тепко” додаваат дека истрагата за причините на прекинот на снабдувањето со струја на нуклеарката е во тек, а постои сомневање дека инцидентот го предизвикал дефект на прекинувачот за струја.
Нуклеарната централа Фукушима беше тешко оштетена во земјотресот и цунамито што во март 2011 година го погодија овој дел на Јапонија.