Осум лица настрадаа во воздушен напад на општинската зграда во украинскиот град Луханск, јавува Си-Ен-Ен.
Крвав тротоар, повредена жена која починала пред да биде хоспитализирана, еден чевел покриен со прашина се само дел од остатоците од катастрофална серија на експлози.
Експлозиите кои предизвикале крвопролевање се случиле во центарот на градот, во административната зграда која се наоѓа во непосредна близина на плоштадот.
Про- руското раководство во градот веднаш ја обвини Украина за спроведување на настанот со воздухоловните сили.
Властите во Киев пак, негираат дека во нападите биле вклучени нивни авиони.