И вчерашната акциска контрола на МВР на територија на град Скопје, регистрира троцифрен број на прекршувања на сообраќајните правила.
Од 117 -те прекршоци, петнаесет мерки се за возење без возачка дозвола, 14 за недавање предност на пешаци на пешачки премин, по осум санкции има за возење под дејство на алкохол и за технички неисправни возила, по три за возење повеќе од дозволената брзина, односно за возач почетник, по две за зборување на мобилен телефон и за минување на затворен сигнал црвено светло…
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.