Причината за тешката незгода кај кањонот Морача во Црна Гора во која загинаа 18 романски туристи е пребрзото возење.
Автобусот од Романија, пред да се урне во кањонот, се движел со брзина од околу 80 километри на час, иако ограничувањето на тој дел од патот било 40 километри на час.
Основниот јавен обвинител Војислав Грујиќ рече дека податоци се од картичката на дигиталниот тахограф, но дека точната брзина на движење на автобусот пред несреќата ќе се знае по деталната анализа на сообраќајни вештаци.
Во автобусот се превезувале туристи кои патувале на летување во Будва, а до несреќата дошло на патот меѓу Колашин и Подгорица, во кањонот Морача.