Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Возможно/невозможно – дијалектиката помеѓу политичкиот активизам и уметноста

0
By Нова ТВ on August 22, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

автор: Артан Садику

Взаемноста на чеканот и огледалото

Дали уметноста се појавува во склоп на политичката реалност или таа може да не провоцира во нова реалност на која треба политички да и се одговори?! Кога современата политика е затворена во формалниот след на околности, таа се бави со реорганизирање на постоечките елементи. Дали тогаш невозможното/возможно е евакуирано во доменот на уметноста каде што чека да биде прописно прочитано?

Чеканот во рака на работникот, уметноста која ја просветлува политиката, дијалектика на невозможното на работникот и возможното на уметникот. Чекан или огледало, прашањето се протега безвремено.

Современоста ја носи со себе и потенцијалноста за различност, но до каде може толеранцијата да трпи различости кои се граничат со возможноста за самата таа толеранција. Европа станува пак тлото на етичката идеологија, од Украина до Франција фашизмот пак вирее. Уметнички галерии непрекинато се отвараат во Берлин, а Скопје е во 2014-та веќе од 2010-та. Америка има бомби за сите а Пасолини го читаат само концептуалните уметници.

Во кодот на Капиталот е врежана и уметноста која се брои, се вреднува, се мери и продава на пазарот. Чекан или огледало, или стока. Бертолд Брехт е добар човек, времево е погрешно.

АКТО греши упорно во погрешно време, дијалектиката го најавува возможното на уметноста во време на изумирање на политиката. Естетското доживување се појавува како изживеано искуство без посредување од кодот на сисемот, таа му дава глас на маргината и почива со колективноста.

Но , каде се денес уметниците?! Каде се денес активистите?! Од Мај 68-ма до ден денес ни фали желбата, посакувањето и барањето на невозможното.

Од неограниченоста кон битието субјектот и дава форма на неговата политика која може да се појави само во јазикот и естетиката. Нова естетика?! Нова политика?! Не верувајте дека имате права, не им верувајте на уметниците, не им верувајте на професорите, еретичоста е доменот на вистината која постои само како најава на новост.

Трудот кој е монотон на еден век во раѓање, пролетариатот кој е опиен во секојдневното општество и уметникот кој е претворен во машина на сериска желба и адаптација, Кодот се прелева во интимноста, возможното го окупира невозможното.

Во свет на фетишизирана креативност, само работникот кој упорно удира, го повторува истиот гест на чеканот е креатор на општеството кое го предало уметникот. Работникот е уметник и уметникот е работнник, естетиката на пролетаријатот се состои во неговата невозможност, а работата на уметниоста е чин на негација.

Симултаноста на работникот и уметникот е ефект и последица на државата која менаџира, на државата која не може да биде уметник и која не може да постои без работникот. Ако чеканот се соочи со огледалото се крши само позицијата на обсервација на промената.

Работникот е вмрежен во Кодот на тековите кои произведуват се повеќе од истото додека уметникот е фасциниран од моќта на системот кој го означува полето на неговите концепти.

Додека првиот сојузник на работникот е уметникот, последниот непријател на уметникот е државата, само во неа е возможен чеканот и само таа се нуди како огледало на вистината за општествениот договор. Вечниот простор на буржоазијата-галеријата го сочинува потенцијалот и граничноста на уметноста, таа мора да се отвори, галеријата е мртов сведок на победата на реактивноста на критиката, на негативот-огледалото. Естетиката на чеканот повикува, про-воцира на испитување, на контестирање на граничноста од страна на упорноста.

Влегувањето во дискусија во време на фашизам е луксуз само на академијата, таа секогаш има време да постигне консензус со себе. Но уметноста може секогаш да го територијализира секој простор на отпор, да го означи и овековечи, таа е огледало на чеканот, таа ја шири вистината за чеканот. Во време на бескрајни табулации на барања, завземање и бескрајно повторување на позиции, секој одговара на повикот на со/огледување и секој засебно претставува простор на дијалектиката на чеканот и огледалото.

Борбата е сепак политичка, но уметноста не смее да одлучува, таа го реновира доменот на возможноста која за политиката е невозможена. Да се биде вон пределот на одлуката значи да се отклони од изборот ‘чекан или огледало’.

Кога моќта ја поставува уметноста во очигледна позиција, трудот настапува како возможност за новиот процеп кој е секогаш веќе естетски дефиниран. Занаетот на чеканот е секогаш веќе пресликан во себестојноста на огледалото.

Опсесијата со позиции, линии и вектори е секогаш пресретната со возможноста на фашизмот, на ретериторијализација на желбата за промена со авангардноста на една лажна идеа за вистината. Секојдневното општество е огледало на крајниот резултат на политичката битка, таа се воздига над возможноста на чеканот и со самиот тој потег го овозможува чеканот како нејзина крајност и ултимативен непријател.

Во 1968-ма се инаугурира една вистина која демнее во секој процеп на возможното и која сеуште чека да биде прописно прочитана. Предавството на естетиката на 68-ма е нашето колективно затварање во невозможното на политчкиот милитантизам. Но, симптомот на таквото општество е обожавањето, верноста кон естетиката без политика.

Знаете што? Чекан! Една нова одлука демнее над огледалото, тоа е сепак нашиот современ предикамент, нашето selfie на политичката рамка во која естетски манипулираме со нашиот изглед, колективно и индивидуално.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.