Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработените од Министерството за култура шести ден на протест

0
By Соња Крамарска on March 31, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И на денешниот протест вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм ги повторија нивните барања за зголемување на платите по примерот на Министерството за финансии како и за средба со надлежните.

Протестот, што се организираше пред Владата, се одржува шести ден. Претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски за време на протестот денеска изјави дека платите на функционерите ќе бидат четири пати поголеми од платите на вработените во јавниот сектор.

„Упорно бараме некој од надлежните да ги сослуша нашите барања. Очигледно во државата се уште во сила онаа народната „кучињата лаат, караванот си врви“. Па така, веќе е извесно дека именуваните функционери ќе си добијат покачување од 78 проценти или илустративно, еден министер ќе добива плата од 1.800 евра, а еден вработен во државна администрација ќе добива просечна плата од 400 евра“, рече Костовски.

Како што посочи, доколку не добијат одговор деновиве, ќе се обратат и до други инстанци, до претставниците на меѓународната заедница, при што ќе побараат нивна поддршка.

„Нашиот концепт на мирни протести не допира до свеста на надлежните, што дополнително не мотивира да продолжиме со нашата борба и да ги поттикнеме и другите колеги да ни се приклучат во остварувањето на целта – достоинствена плата за вработените“, додаде Костовски.

Според претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, држава сме со највисока инфлација и со најниски плати.

„Шести ден сме надвор на улица, шести ден бараме прием кај надлежните да се договориме кога ќе добиеме и ние она што ни следува. Бараме тоа што го добија колегите од едно Министерство и од Собранието“, изјави Деаноски на денешниот протест.

 

министерство за култура протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.