Ниските плати и немањето право на синдикално организирање, вработените во МекДоналдс, Бургер Кинг, Венди и Ти-џи-ај-фрајдејс, во Њу Јорк, стапија во генерален штрајк, а се очекува оваа недела кон штрајкот да се приклучат и вработени во рестораните за брза храна од другите градови на Америка.
За време на штрајкот дел од работниците извикувале „Вие да живеете со 7,25 долари на час“.
Од компаниите за брза храна изјавиле дека се уште немаат одговорено на поставените барања на работниците, пишуваат американските медиуми.