Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработувања по етнички клуч под државна капа-помалите заедници недоволно застапени

0
By Нова ТВ on July 22, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од вкупно 2 242 функционери во земјава , избрани или именувани лица, 70,7% се етнички Македонци, 23,2% се етнички Албанци, 1,2% се Турци, 1,5% се Срби, 1,3% се Власи, а останатите  задници и националности се застапени под еден отсто, пренесува анализата на Portalb.mk. Ова е само еден сегмент нотиран во новиот Извештај за следењето на начелото на соодветна и правична застапеност за 2018 година изработен од Народниот правобранител. Како проблематични и недоволно застапени се нотираат вработувањата на лица од помалите етнички заедници, особено во државните агенции, институции, јавни претпријатија. Документот веќе е адресиран до пратениците во Собранието.

Правична застапеност во Владата и министерствата

Од 2007 година до крајот на 2018 година, или во период од 11 години значајно е зголемен бројот на вработени по „етнички клуч“. Со новиот конечен Извештај на Народниот правобранител кој ја анализира структурата на вработените во државниот сектор според правична застапеност, опфатени биле 1 374 институции со вкупен број на 138 326 вработени.

Еве како изгледа процентуалната застапеност според етничката припадност во анализираните институции на ниво на целата држава:

Македонци     74,5%

Албанци          19,0%

Турци                1,9%

Срби                  1,5%

Власи                 0,7%

Роми                   1,3%

Бошњаци           0,5%

Податоците покажуваат дека речиси во сите органи има вработени од различни етнички заедници, па така  во Секретратијатот за спроведување на Рамковниот договор од вкупно 1552 вработени 1,2% се Македонци, 86% се Албанци, 7% се Турци, 4,4% се Роми, а има застапеност и на други етнички заедници. Во Генерланиот секретаријат на Владата пак, од вкупно 251 вработен, 70,5% се етнички Македонци, 8% се Албанци а со по 7,6% се застапани Турците и Ромите, а почитувано е начелото за правична застапеност и на другите заедници. Во делот на вработувањата во Владата, Народниот правобранител потсетува на оние вработени по Рамковниот договор, кои седат дома, а земаат плата со години.

 –Анализирајќи го вкупниот збир на добиените податоци за 2018 година, од Владата на Република Северна Македонија, може да се констатира следната состојба на застапеност на заедниците: Македонци – 27,1 %, Албанци – 60,7 %, Турци – 5,7 %, Роми – 4,0 %, Срби – 0,8%, Власи – 0,6%, Бошњаци – 1,1% и други 0,1%. За разлика од минатата година забележително е дека соодносот во проценти е приближен кај сите заедници, со напомена дека вака прикажаната состојба е одраз на вработувањата во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, односно на лицата кои се уште не се распоредени во други институции. Народниот правобранител ја користи оваа прилика за да укаже дека е потребно да се забрза процесот на распоредување на останатите лица кои се вработени во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, а се уште не се распоредени со соодветни решенија на конкретни работни места, се наведува во извештајот.

 Во 15  анализирани министерства лани имало 24 146 вработени, и ако бројот на вработувања е во пораст, правобранителот констатира дека застапеноста на помалубројните етнички заедници не е на задоволително ниво.

-Анализирајќи ги добиените податоци за 2018 година, од министерствата, може да се констатира следната состојба на застапеност на заедниците: Македонци – 74,8%, Албанци – 19,7 %, Турци – 1,6%, Роми – 0,8 %, Срби – 1,6 %, Власи – 0,5%, Бошњаци – 0,6 % и други 0,5 %. И оваа година, како и минатите години констатиравме дека трендот на застапеност на помалубројните етнички заедници се уште е на незадоволително ниво, особено кај раководните работни места, посочуваат од канцеларијата на Народниот првобранител.

Од 15 те министерства, во осум борјот на вработени лица Албанци е повисок од 21% додека во седум е под овој процент, а тие се Министерството за внатрешни работи, Министерството за земјоделство, Министреството за администрација и информатичко општество, Министерството за одбрана, Министрството за транспорт и врски, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финасии. Повеќе од 40% застапеност на етничките Албанци има во Министерството за економија 43,8%, Министерството за локлана самоуправа 55,6% и Министерството за правда 41,4%.

 Помалубројните етнички заедници недоволно застапени

 Во 2018 година расте бројот на вработени во самостојни државни органи односно во агенции, дирекции, комисии, заводи и во посебни јавни установи но само кај мал дел е утврден одреден напредок во спроведувањето на начелото на соодветна и правична застапеност, а ососбено се забележува на осуство на вработувања од помалите етнички заедници.

 -Во голем број на органи освен македонската и албанската етничка заедница, нема вработено лица од други заедници, поради што и оваа година повторно препорачува институциите да преземат мерки за доследна имплементација на начелото на соодветна и правична застапеност, особено во однос на застапеноста на припадниците на помалубројните заедници во целост и на раководните работни места, се наведува во извештајот.

Во бројки,  лани  во самостојните државни органи и посебните јавни установи и други правни лица, застапеност на заедниците е со следните проценти: Македонци – 79,5 %, Албанци – 14,9 %, Турци – 1,6 %, Роми – 0,8 %, Срби – 1,4 %, Власи – 0,9%, Бошњаци – 0,3% и други 0,6%.

 Народниот првобранител во 2018 година констратира дека  спроведувањето на начелото на соодветна и правична застапеност кај јавните претпријатија е на многу ниско ниво, особено за припадниците на помалубројните заедници.

 Состојба на застапеност на заедниците во јавните претпријатија:

 Македонци  74,9 %

Албанци       15,0%

Турци              2,1 %

Роми               4,5 % 

Срби               1,8 %

Власи             0,6 % 

Бошњаци       0,6%

Други             0,6%

-Спроведувањето на начелото на соодветна и правична застапеност кај јавните претпријатија како и изминатите години, така и оваа 2018 година е на многу ниско ниво, особено за припадниците на помалубројните заедници. Поради тоа, Народниот правобранител повторно препорачува на потребата од сериозност во имплементацијата на ова начело, при што упатува и јавна критика кон институциите за недоволниот број на вработени лица припадници на немнозинските заедници, особено на раководните работни места. Напоменуваме дека постои зголемување на вкупниот број на вработени од минатата година кај јавните претпријатија за 236 лице“ – нотира Народниот правобранител и посочува на слабости во примената на правичната застепеност на немнозинските заедници  во јавните фондови, сосбено кај двата најголеми – Фондот за здравствено осигурување и Фондот за пензиско осигрување.

Во четирите државни фондови Македонци се застапени со 72,0 %, Албанци со 23,6 %, Турци со 0,6 %, Роми со 0,3 %, Срби со 1,4%, Власи со 1,5%, Бошњаци со  0,1% и други 0,4%. Народниот правобранител открива дека при правење на оваа анализа не сите институции и министерства прифатлие да дадат податоци и упатува критика, меѓу нив се споменуваат: Министерството за надворешни работи, Агенцијата за катастар на недвижности, Биро за метрологија, Биро за регионален развој, Државен девизен инспекторат, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, Управата за електронско здравство, ЈКП „Водовод“ Битола, ЈКП „Зелениково“, ЈКП „Водовод“ Охрид, повеќе основни училишта и универзитети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.