НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вредности и политика

0
By НОВА ТВ Balaban on July 5, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Подолг период нашево општество на политички план функционира со висока тахикардија, просто зачудувачки како преживува. Речиси на дневна основа се креираат афери и скандали кои прогресираат до прашањата кои се на ниво на геостратегија. Секој ден со нова  тема, отвараме и затвараме прашања битни за заедницата. Театарот наречен македонска политика ‘’крца’’ од публика, претставата е динамична, актерите целосно се внесени во улогите. Што стои зад завесата, што го детерминира овој политички производ, дали едно од тие нешта се вредностите на кои почива нашата политичка активност? Како и во подводниот свет така и во овој случај, колку подлабоко  одиме толку сликата ќе биде покомплексна. Но немаме избор, мора сериозно да се запрашаме каде грешиме, кои се лошите инпути за да имаме ваков лош аутпут во политиката. Една од темите кои можеби ќе осветли дел од дилемата е дали имаме погрешни вредности во политиката, кои не доведуваат во ситуација ‘’во згрешен правец сите станици се погрешни’’.

Како што кажав на почетокот, театарот ни е полн со публика, нашето општество е максимално исполитизирано, со невообичаен висок интерес за политика. Од друга страна, пак, бројот на луѓе кои политиката ја опишуваат со негативен термин исто така е огромен. Вкрстени двете појави даваат лош индикатор како стоиме на овој план и отвара дополнителен простор за  анализа. Без разлика што кај дел од луѓето постои мислење дека политиката е негатива работа, испреплетена со негативни вредности,  сметам дека таквата перцепција е погрешна. Политиката како дејност, како наука посебно, е апсолутно доблесна бидејќи во суштина е за општото добро. Може да биде проблематичен ‘’материјалот’’ кој влегува во политиката, какви морални вредности споделува и со тоа ја контаминира политиката. Да поедноставам, не е до политиката, туку до луѓето кои се занимаваат со политика. Одговорноста иако не е иста таа е присутна и кај гласачот или поддржувачот, особено кај политичарите. Ќе спомнам само неколку вредности преку кои накратко, ќе пробам да дадам свое видување како стоиме на овој план. Редоследот по кои ги нафрлам не значи дека е условен од нивното значење, напротив мојот профил за комплетен политичар почива на речиси сите од споменатите вредности.

Чесноста заедно со доследноста на зборот како вредности, се исклучително важни, не само за неговото лично работење, туку и како креирање на колективна вредност, со оглед дека елитата влијае во тој контекст. Генерално во јавноста постои мислење дека политичарите во најголем дел се нечесни луѓе. Во ситуација кога тоа не се докажува и санкционира, таквата перцепција е катализатор на креирање погрешен колективен вредносен систем. Од друга страна пак половина да е вистинито од перцепцијата колку е злоупотребено е повеќе од загрижувачко. Стручноста или компететноста, претставуваат исто така важен елемент во политиката. Многу примери кај нас покажаа дека докажани поединци во одредени области многу лошо поминаа во политиката. Со тоа политиката во континуитет ја задржува својата посебност. Имаше и такви примери кои апсолутно беа компететни за една, а работеа сосема друга работа.

Посветеноста е следна карактеристика која сакам да ја споменам. Без разлика одреден поединец  и да ги поседува предходните два квалитети, ако тоа не го ефектуира преку напорен труд и работа, резултатот ќе изостане. Демократија со пазарна економија во ера на глобализација со брз техничко техолошки развој, бара голем труд и енергија да се следи чекорот на останатите. Објективноста е вредност која споредено со претходните три најмногу ни недостасува. Длабоко сме позиционирани во нашите ровови, субјективни до максимум, посветено работиме на оддржување на маѓичниот круг на поларизација. Објективноста е решението кое  ќе реши доста проблеми, ќе ни отвори нови видици и ќе не направи помудри за новите предизвици. Објективно е дека квалитетните поединци се присутни во повеќе политички партии, исто така факт е дека сите што практикувале власт и грешеле.

Искуството е непроценлива вредност грешките да не се повторат, а да се надгради тоа што дало резултати. Дополнително за мене квалитетна вредност  во политичкото делување е наместо  критиката да доминираат предлог решенијата. Докажано е дека ривалитетот мобилизира поголема подршка, но конструктивноста дава подобри крајни резултати. Времето немилосрдно ита, во политиката многу побитни се крајните ефекти и резултати, отколку поедини моментални ‘’јунаштва’’ на кои посоодветно место им е во театар. Да, за политика, со луѓе кои имаат изградено лични морални вредности, неопходни да управуваат со туѓи судбини и држава. Сократ умрел со желба да ја види најмудрата и најдоблесната глава крунисана, но стремежот останува да живее.

вредности Емил Димитриев политика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

ВЕСТИ August 24, 2025

Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика…

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.