Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Време е да се утврди вистината за програмата на ЦИА

0
By Светлана Јовановска on September 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Време е да се утврди конечно одговорноста во тортурите што ги водела ЦИА, во кои беше вмешана и Македонија преку случајот Ел Масри. Според комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Мужниекс, владите одбиваат да ја утврдат вистината и да признаат дека биле соучесници во илегалната програма на ЦИА и спроведена со европските земји помеѓу 2002 и 2006 година. Во оваа програма биле киднапирани и држени во затвор лица кои биле осомничени за тероризам а некои од нив и измачувани. Оваа програма Советот на Европа ја опишува како “не само политичка грешка туку како тешко нарушување на човековите права”.

На 13 декември 2012 година Судот за човекови права во Стразбург ја објави пресудата “Ел Масри против екс југословенската Република Македонија”. Оваа пресуда беше прва во која беше подвлечена одговорноста на една земја за учество во програмата на ЦИА. Но Судот смета дека Македонија е одговорна за тортурата која ја вршела екипа на ЦИА со присуство на македонски агенти како и за нехуманиот третман за време на притворот на Ел Масри. Судот заклучи дека Македонија не ја исполнила обврската да спроведе истрага.

Се очекува Судот да ја испита наскоро илегалноста на програмата на ЦИА спроведена во Полска, Романија и Литванија.

Последниот извештај на Отворено општество за правда потсетува дека 25 европски земји соработувале со американската ЦИА. Од сите овие земји само во Италија биле донесени пресуди за лица кои учествувале во програмата на ЦИА. Беа осудени 23 државјани на САД за киднапирање во 2003 на еден оџа.

Според Советот на Европа мораат итно да се донесат политички и судски иницијативи за да се утврди одговорноста. Но земјите учесници во програмите на ЦИА треба да сметаат на поддршката на ЕУ која мора да ја стави целата своја политичка тежина за да ги натера земјите на одговорност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.