Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врската меѓу македонските газди и бугарскиот McDonald’s

0
By Нова ТВ on July 26, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рестораните на светската синџир за брза храна McDonald’s во Бугарија кои имаат годишни приходи од речиси 70 милиони евра, се на пат да ги менуваат своите сопственици.

Компанијата „Kingsbury Corporation“ планира да го купи „Sunfoods Holding“, кој од своја страна ја контролира бугарската лиценцата за Мекдоналдс преку брендот „Санфудс Бугарија”, пишува бугарски Капитал, пренесува Фактор.

За параметрите на договорот засега нама информации, а од она што се знае за идниот сопственик, е дека тој нема врска со овој бизнис, туку работи во областа на обновливите извори на енергија преку поврзани претпријатија. Од кратенката N.V. по името на „Kingsbury Corporation“ може да се претпостави која е државата во која е регистриран купувачот – кратенка се користи во Холандија, Белгија, Аруба и уште неколку офшор дестинации.

Најавата за претстојната продажба доаѓа само неколку недели откако името на американскиот синџир се најде во фокусот на медиумите во Македонија – во средината на мај рестораните на Мекдоналдс беа ненадејно затворени.

И иако на прв поглед меѓу двата настани нема врска, бугарски Капитал пренесува дека запознаени извори тврдат дека новиот договор за Мекдоналдс во Бугарија, води корен од западниот сосед-Македонија.

Основи за тоа има во фактот што се проблематизира лиценцата во двете држави во краток рок. Иако зад затворањето на рестораните во земјава стојат несогласувања со американскиот сопственик на брендот, проблемот би можел да ја прескокне и границата кон Бугарија.

Во текот на повеќе од десет години „McDonald’s Corporation“ го управуваше сама бизнисот во Бугарија преку компанијата „Мекдоналдс Бугарија”. Во 2006 година, сепак американската корпорација презеде нова стратегија и воведе лиценцирање (Developmental Licensee). Тоа е форма на франшиза, со која се дава право на различни партнери да работат ресторани со овој бренд. Тие се обврзуваат да го развиваат брендот со сопствени инвестиции и да плаќаат надомест на корпорацијата (процент од продажбата) за препуштање на правото на користење на овој трговски бренд. Во исто време со лиценцата сите добиваат обука и оперативни активности, маркетинг и реклама, снабдување и опрема.

За партнери во Бугарија пред седум години беа избрани поранешниот управител „Мекдоналдс Бугарија” Иван Лисиков и оние што ја добија лиценцата на синџирот од Македонија, Светозар Јаневски и Зоран Матлиевски.

Тројцата ги добија правата за сите постоечки во тоа време, 21 ресторан на McDonald’s во Бугарија, како и за сите што беа отворени во периодот на договорот (во моментов синџирот има вкупно 36 објекти во Бугарија).

Самиот менаџмент на рестораните беше доделен на менаџерскиот тим и вработените од централната канцеларија „Мекдоналдс Бугарија”, што потоа беше преименувано во “Санфудс Бугарија”. Како единствен сопственик на компанијата во Трговскиот регистар е наведен „Sunfoods Holding“, а менаџерите се Лисиков и Матлиевски. Третиот со лиценцата – Светозар Јаневски, пак е познат бизнисмен и поранешен советник за економски прашања на македонскиот премиер, пишува Капитал.

Според извор на „Капитал” корените на претстојната зделка за „Sunfoods Holding“ и соодветно за бугарската компанија треба да се бараат во Македонија. Пред нешто повеќе од два месеци беа затворени сите седум ресторани со брендот на McDonald’s.

Фирмата, која 16 години управуваше македонските објекти на американскиот синџир – “CJ компанија”, е во сопственост на Светозар Јаневски (51%) и Зоран Матлиевски (49%). Според бугарскиот извор, можно е затворањето на објектите и договорот да се диктирани од страна на раководството на единицата McDonald’s Europe, кое е одговорно за бизнисот на американскиот синџир во Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.