Во 14 и 20 часот, денеска попладне нов земјотрес го потресе Скопје по серијата земјотреси кои се случија вчера.
Земјотресот е со јачина од 3,7 степени според Рихтер со длабочина од 5 километри. Епицентарот е на 9 километри од центарот на Скопје, 4 од Арачиново и на еден километар од Црешево.
Во 11 и 50 скопјани претходно почуствуваа нов земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтер. Епицентарот беше 5 километри оддалечен од Арачиново и Црешево, на длабочина од 1 километар.
Најсилен земјотрес од вчерашната серија беше оној во 15:10 со јачина од 5.3 степени по Рихтеровата скала.
Утрово во Западна Турција во 09:40 бил почуствуван земјотрес со јачина од 4,6 рихтерови степени.