Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Меѓувладините комисии да продолжат да работат / Путин: Недозволиво е надворешно мешање

0
By Zoran Ivanov on March 7, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска имал многу добар разговор со рускиот претседател Владимир Путин за сите важни прашања од билатералната соработка, вклучувајќи го и постигнувањето договор за гас пред 31 мај и прашањето за американските санкции за НИС, како и дека е потврдена претстојната средба на 9. мај во Москва.

Само што го завршив разговорот со претседателот на Руската Федерација, Владимир Владимирович Путин. Имавме добар, суштински и би се осмелил да кажам одличен разговор за сите важни билатерални прашања од нашата соработка, соопшти Вучиќ во видео изјава објавена на Инстаграм.

Тој информира дека разговарале за политичката соработка „и за тоа како е неопходно меѓувладините комисии да продолжат да работат на закрепнување на трговската размена и натамошно подобрување на економската соработка“.

Српскиот претседател рече дека разговарале и за прашања од големо значење за Србија, како што е соработката со руските железници, но пред се за тоа како и на кој начин да се склучи договор за гас пред 31 мај и како да се реши проблемот со НИС, имајќи ги предвид санкциите на САД воведени против таа компанија.

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ укажал дека е недозволиво мешање во внатрешно-политичката ситуација во Србија.

Путин укажа на недозволивоста на надворешно мешање во внатрешно политичката ситуација во Србија и изрази поддршка за постапките на легално избраните власти, се вели во соопштението од Кабинетот на рускиот претседател.

Руската страна изразила солидарност и со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Путин и Вучиќ разговараа за практични прашања за понатамошна соработка во различни области, пред се во енергетскиот сектор и изразија заемна посветеност за зајакнување на партнерството.

Беше истакната взаемната посветеност за натамошно зајакнување на руско-српското стратешко партнерство, кое се заснова на духовните, културните и историските врски меѓу народите на двете земји, се вели во соопштението на Кремљ.

Се истакнува дека претседателот на Србија потврдил дека ќе дојде во Москва на прославата на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, а ќе испрати и единица на војската на Србија да учествува на парадата на 9 мај.

Путин му го честиташе и неодамна прославениот 55 роденден на српскиот претседател.

Договорено е да се продолжат понатамошните контакти на различни нивоа, се вели во соопштението на Кремљ.

 

 

 

 

 

 

 

 

Вучиќ Путин разговор телефот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.