Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ предлага воведување смртна казна

0
By Marta Pesevska on April 7, 2024 ВЕСТИ
Александар Вучиќ
Александар Вучиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По трагедијата со смртта на Данка (2) српскиот претседател Александар Вучиќ повторно предлага да се смени Кривичниот законик и за вакви тешки злосторства да се воведе смртна казна. Ваков предлог Вучиќ даде и по масакротв во училиштето „Рибникар“, каде малолетник, ученик во истото училиште уби десет соученици и еден член на обезбедувањето, пренесува Независен.

„Ќе предложам промена на Кривичниот законик“, вели Вучиќ.

Тој на почетокот на своето интервју за српски Информер, се осврна на случајот со убиството на двегодишната Данка Илиќ во околината на Бор и објасни зошто телото сè уште не е пронајдено.

„Кога некој направил кривично дело, мислел дека ќе остане неказнет“, рече тој во гостувањето на телевизија Информер.

За воведувањето на смртната казна

„За ова може да осудите некого доживотно или 40 години, но мислам дека тоа не е доволна казна. Едно време јавно се залагав и барав Владата на Србија да размисли со Советот на Европа дали е можно повторно да се воведе смртна казна. Ако некое кривично дело заслужува смртна казна, тогаш тоа е кривично дело“, рече тој и додаде дека повторно писмено ќе ја предложи таа промена на Кривичниот законик.

Се сеќава дека тоа го побарал по масакрите во Рибникар и Дубона.

„Оправдувањата на оние кои се против смртната казна се сериозни. Ако еднаш згрешите, а после 10 или 30 години дознаете дека сте згрешиле, тоа е многу поголем грев отколку да му дадете на некого помала казна“, вели тој.

Сепак, тој истакнува дека е за смртна казна кога работите се „очигледни“.

Тој вели дека утрото кога дознал дека е убиена Данка Илиќ, морал да внимава да не ги покаже своите емоции.

„Пред тоа знаевме дека детето е удрено од автомобил, знаев некои други детали. Но, не знаевме дефинитивно. И тогаш ми кажа Гашиќ и тогаш дознавме дека детето не е убиено веднаш од автомобилот, туку после тоа. Ако покажуваш емоции тогаш сите со право ќе ти кажат дека е непримерно. Не сакам да бидам како некои што демонстрираа поради смртта на децата. Како се чувствуваш кога знаеш дека невини деца загинаа затоа што има лудаци и психопати“, праша Вучиќ.

 

Вучиќ смртна казна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.