Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска обелодени дека во Србија пристигнал новиот лек против коронавирус. Се работи за лекот молнупиравир произведен од компанијата МСД.
– Во Србија пристигна новиот лек против короната! Го купија во САД, а во Европа заедно со нас го купија само Данска, Литванија и Словенија, изјави Вучиќ во видео пораката објавена на профилот на Инстаграм.
„Животот и здравјето на луѓето немаат цена!“, додаде тој.