Српскиот премиер Александар Вучиќ вели инцидентот на фудбалскиот натпревар помеѓу Србија и Албанија е „најтешката провокација досега која има тројна цел“.
– Првата цел е да се понижи српскиот народ, втората е предизвикување на долгорчните нестабилности во Србија и Балканот, и третата е мешање во дневната политика на Србија. Ќесе борам за правото на граѓанинот да ме навредува и извикува пцовки, но нема да дозволам никој да го понижи мојот народ, изјави Вучиќ.
– Што би рекле ЕУ и САД доколку ние ги испратевме нашите навивачи во Тирана со симболи на Голема Србија? Тоа би било скандал за цел свет, дополни премиерот на Србија, потенцирајќи дека неговата земја ќе успее да спречи било какви територијални претензии.
Тој информираше дека еден ден пред натпреварот ги предупредил партнерите од ЕУ за провокациите и дека во Белград во вторникот забележале лице со обележје на ОВК.
– Јасно беше дека се дојдени со провокативни намери, и некој сакаше да предизвика хаос. Сеуште не е пронајдена направата со која се управувало леталото бидејќи најверојатно зад тоа стои мобилен телефон.