Author: Marija Todorovska

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје и на улиците низ македонските автопатишта, односно безобѕирно ќе управуваат моторно возило, трајно ќе се одзема возилото и од утредента ќе биде ставено во функција на Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјала, детска градинка Цветче итн., изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Read More

Документарниот филм „No Other Land“ што го прикажува уништувањето на палестинската заедница на окупираниот Западен Брег, ја доби наградата за мир Преспа за 2025 година на Институтот „Алексис Ципрас“, а Палестинецот Басел Адра и Израелецот Јувал Абрахам наградата ја примија од Алексис Ципрас и Зоран Заев на маргините на Втората меѓународна конференција посветена на демократијата и социјалната правда.

Read More

Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите оштетени учебници. Министерката Весна Јаневска денеска апелираше училиштата да се обратат доколку имаат потреба за нов тираж учебници за учениците да бидат мотивирани да учат од неоштетени учебници.

Read More
Фото: Википедија

Директорот на Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Драган Николиќ, е разрешен од таа функција како и неговата сопруга која исто така работи во тој центар, поради поддршка на студентите во блокада, објави „Данас“.

Read More
Фото: Скриншот ОШ „Јован Стерија Поповић”

Ученик од седмо одделение во Основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ во Нов Белград бил приведен на разговор во полиција поради сомнение дека внел нож во училиштето и наводен ‘список за ликвидација’.

Read More
Фото: Freepik

Само 3,5 проценти од светската популација живее во земји каде што е загарантирана целосна слобода на изразување и собирање, се наведува во извештајот „Атлас на цивилното општество за 2025 година“ на германската лутеранска хуманитарна организација „Леб за сите“.

Read More

Матурантите денеска ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е по нивни избор. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), најголем број пријавени има за тестот по англиски јазик (13 457 ученици).

Read More
Фото: Фејсбук Support Kocani

Граѓанската иницијатива Support Kocani успеа да ја исплати фактурата за набавка на  првата тура компресивна облека наменета за повредените од трагичниот настан во  Кочани, во вредност од 923.458 денари. Средствата за набавката биле целосно  обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и  странство. 

Read More

Средношколците и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП Скопје за време на летниот распуст доколку ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз.

Read More

 Реконструираното Одделение за управни работи – Скопје, кое се наоѓа во зградата на МРТВ, денеска е пуштено во употреба. Обновата на просториите – приземје и кат, со вкупна површина од 2.300 метри квадратни, е вредност од 48.000.000 денари. Завршена е првата фаза на проектот, реконструкција на најголемиот дел од приземјето од 1.300 метри квадратни.

Read More