Author: Zoran Ivanov
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, изјави дека судството и обвинителството се ставени под, како што наведе, директна контрола на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека правдата во државата се урива, а институциите се партизираат.
Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите жестоко ги задушија демонстрациите.
Ирена Јакимова: Не дека немам друга работа, ама некако ме поттикна целава галама околу чантата на сопругата на Градоначалникот на Скопје да споделам и јас некој збор.
Во Калпе, Шпанија денеска стартуваше првата рунда од Светскиот куп натпревари во планински велосипедизам. Македонската шампионка Дуња Иванова 82 километри со 2.700 метри висинско искачување, го извози 22- ра и освои 62 УЦИ поени со што го подобри својот пласман на Светската ранг листа. Трката во Калпе резултираше и со прв македонски велосипедист кој освоил УЦИ поени кои овозможуваат повисок пласман и на Светската велосипедска ранг листа. Денешниот велосипедски маратон познат и како „Коста Бланка“, е означен како екстремно технички предизвик со голема бројка откажувања во текот на трката. Дуња Иванова денеска ја извози и ја заврши тешката етапа од…
Фурхан Салиу: Два сериозни инциденти во спортските настани кои јасно докажуваат дека ФФМ е во служба на политиката.
Родителите на починатите во трагичниот пожар од 16 март лани во дискотеката „Пулс“ денеска на протестниот „Марш за ангелите“ реагираа на забавената динамиката на закажување рочишта во судскиот процес.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе глобални царини од 15%, продолжувајќи да се спротивставува на одлуката на Врховниот суд со која се укинати неговите претходни царини за увоз.
Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од нив се хоспитализирани, од кои едно лице е во тешка состојба.
Јавното обвинителство откри детали од случајот со криумчарите од Македонија и Србија, кои успеале да пренесат пет тони марихуана од фабрика за медицински канабис во Струмичко до селото Коњух кај Крушевац, каде беше откриена на почетокот од месецов. Од ОЈО велат дека го утврдиле целото движење на осомничените и на товарот со дрогата во камион со приколка, преку границата, до фабричката хала во српското село.
Птседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче денеска реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, Пирамид билдинг и Ленди груп.
Српските обвинители од Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) одржаа состанок во Белград со своите колеги и полицајци од Северна Македонија, со цел да се координираат понатамошните истражни дејствија за големата заплена на марихуана во Коњух и на територијата на Северна Македонија. Досега се уапсени вкупно 10 лица, а е запленета над 40 тони марихуана, со што истрагата се фокусира на тоа кој и кога го пренел нелегалниот товар преку државните граници.















