Author: Zoran Ivanov
Голем пожар избувна синоќа околу 23 часот во облакодерот на хрватскиот весник „Вјесник“ на Славонската авенија во Загреб, кој се шири вертикално и зафати повеќе од катовите и покривната конструкција, поради што во гаснењето се вклучени голем број пожарникари и механизација.
Декаденцијата на власта станува хронична состојба на државата. Политичкиот рејтинг го замени јавниот интерес, а голата власт стана самодоволна цел. Гледам како манипулацијата со јавноста станува алатка, а јавноста нејзин заложник. И сето тоа ме потсетува на една друга форма на ентропија, онаа животната. Не е се секс, дрога и рокенрол. Љубам рокенрол, но знам дека многу рокери ја изгубија битката токму затоа што зависноста го зеде најдоброто од нив.
Денко Малески: Никогаш, од независноста наваму, македонските политичари не се однесувале вака. Од каде храброста, ако не и дрскоста, се прашувам, на претседателката и на премиерот на Македонија во јавната комуникација со високите претставици на ЕУ? „Топки“, „петки“ и слични цинични изјави… Се сеќавам на тешките почетоци на независноста кога се раководевме од народната: „добар збор, железна врата отвора“.
Шефот назначен од Москва на руски контролираниот дел од украинскиот регион Донецк, Денис Пушилин, денеска изјави дека „невиден напад“ од страна на украинските сили во текот на ноќта оштетил две термоелектрани. Покрај тоа, некои населби останале без електрична енергија.
СДСМ го исклучува од членство советникот од општина Карпош
Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“ објави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче повикувајќи ги сите пратеници да ги поддржат.
Огњан Герасимовски: Владеачката гарнитура ДПМНЕ, секојдневно се посветува на збиднувањата во СДСМ, зошто и кој е на некаква позиција, како треба некој да поднесе оставка итн итн.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека републиканците во Конгресот подготвуваат закон со кој би се вовеле санкции за сите земји кои тргуваат со Русија. Трамп додаде дека новите мерки би можеле да се однесуваат и на Иран, клучен воен сојузник на Москва.
Извршната директорка на „Фајнанс Тинк“, д-р Благица Петрески, во интервју за Фронтлајн предупредува дека буџетот за 2026 се темели на преценети приходи, со ризик од ран ребаланс. Таа нагласува дека растот на платите и пензиите без придружен раст на продуктивноста ја одржува инфлацијата висока, а дигитализацијата без структурни реформи нема да ја намали сивата економија. Дополнително, скриените долгови на институциите и растечките трошоци во јавниот сектор ја прават фискалната стабилност ранлива.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус издаде остро предупредување дека изминатото лето „можеби било последното мирно“ за Европа, бидејќи процени дека можен конфликт меѓу НАТО и Русија може да се случи пред 2029 година. Изјавите предизвикаа непосредна реакција од Москва.
Дака: Обвинителството на специјалниот суд во главниот град на Бангладеш, денеска ја обвини поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, за организирање „системски напади“ за време на задушувањето на протестното движење минатата година, а судењето започна во нејзино отсуство, јавија француските медиуми.
Вашингтон: Канцеларијата за контрола на странските средства на Министерството за трговија на САД го продолжи рокот за завршување на трансакциите поврзани со преговорите и склучувањето договори за продажба на меѓународни средства на руската нафтена компанија „Лукоил“ до 13 декември, објави американската агенција.















