Author: Zoran Ivanov
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема да ја признае претходно одобрената американска воена помош како заеми што треба да се вратат.
Солт Лејк Сити: Јута стана првата американска држава која забрани истакнување знамиња со ЛГТК + симболи на владините згради и училишта.
Телата на 909 загинати војници се вратени во Украина, соопшти Координативниот штаб за воени затвореници на Телеграм.
Како што јавуваат светските новински агенции, засега најмалку 144 лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што денеска погоди Мјанмар.
Во Литванија продолжува спасувачката акција по четворицата исчезнати американски војници, кои пред три дена за време на воена вежба нивниот тенк пропадна во мочуриште.
Петрит Сарачини: Повторно се „спружуваат“ медиуми, новинари, граѓански организации и активисти, повторно се прогласува за „шарен“, „платеник“ и „предавник“ – секој што ја критикува истрагата за трагедијата и постапките на „безгрешната“ власт, која бара одговорност секаде, но најмалку во сопствените редови. Овие јалови обиди за бегство од сопствената одговорност не носат ниту сплотување, ниту обединување на целата земја за „промена на системот“. Тие многу повеќе потсетуваат на темните времиња на Груевски и „заробената држава“. И по тие времиња, иако имаше далеку повеќе простор за критикување и протестирање, за жал немаше порешителни чекори за справување со убиствената корупција, криминал и долгогодишна…
Калина Малеска: Системот може да се подобри, меѓу другото, кога, наместо култура на приоретизирање на моќта и на сопствените интереси, ќе се гради една поинаква етика – во која другите доаѓаат на прво место. Не тој што претркува на пешачки зашто нему му се брзало, не тој што сака да отвори кладилница каде што нему му изгледало најпривлечно, не тој што пука петарди за нова година зашто нему тоа му се видело забавно. Туку луѓето врз кои овие постапки имаат некакво влијание.Тоа не е само прашање на свест, туку и државна обврска. Системот не може да се потпира само на…
Венко Филчипче: Не се само доволни зборовите дека ни е потребно еднство. Ни требаат виостионски дела. Кога младите излегуваат на улица и бараат промени , ние како политилчари треба добро да размислиме што да направиме. Изминатите денови размислував и удната недела ќе повикам на лидерска средба. Да се направи она што суштински треба. Вистински еформни во правосудниот систем. Да се направи се` за да изградба на Клинички центар. Дојно да се езголеми плтата во образованието и да разговараме за отворање на евриопските поглавја. Извор: Канал 5 ТВ
Европските сојузници на Украина, на денешниот состанок во Париз, едногласно се изјаснија против какво било укинување на санкциите кон Русија. Воедно Франција и Велика Британија изразија подготвеност да распоредат војски во Украина како „гаранција за безбедност.
Спектакуларни апсења пред камери, прес конференции од премиерот и министерот на МВР, само не на директно надлежните лица од надлежните институции. Но, и невиден пи-ар на врвот на Владата во вид на припишување заслуги …
Израелските власти побараа од претседателот на Република Српска Милорад Додик да ја напушти конференцијата за антисемитизам во Ерусалим, откако по него беше распишана меѓународна потерница, објавија денеска израелските медиуми.
Одлуката на американската Агенција за глобални медиуми (УСАГМ) за суспензија на финансирањето на Радио Слободна Европа / Радио Слобода (РСЕ/РС) а по указ на претседателот Доналд Трамп за затворање на агенцијата е поништена.














