Author: Zoran Ivanov
Мандатот на Панче Тошковски откако ја презеде позицијата на 29 јануари, прво како дел од техничката влада, а потоа и по преземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ и како редовен министер, досега е обележан со низа скандали, но и со загрозување на јавната безбедност.
Коалицијата Европски фронт денеска побара итна оставка од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во врска со статусот на албанскиот јазик во земјата.
Пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, повика на повлекување на Законот за основно образование, којшто според партијата врши дискриминација на децата со попреченост, води кон враќање на специјалните училишта и го враќа стресот кај родителите околу достапноста на образовните асистенти.
Берлин: Претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмајер денеска го распушти Бундестагот – Долниот дом на германскиот Парламент.
Хелсинки: Поправката на вчера прекинатиот подводен кабел „Естлинк 2“ (Estlink 2) за пренос на електрична енергија, што ги поврзува Финска и Естонија, најверојатно ќе трае неколку месеци, соопшти финскиот оператор „Фингрид“.
Според извори од азербајџанската истрага авионот бил погоден од шрапнели на системот „Панцир-С“ чии ракети гаѓале дронови над Грозни во Чеченија
Најмалку три лица се повредени кога такси удри во пешаци на плоштадот Хералд во Њујорк.
Во бунт во затвор во главниот град на Мозамбик, Мапуто, загинаа 33 лица, а 15 се повредени, додека повеќе од 1.500 затвореници успеале да побегнат, изјави командантот на полицијата Бернардо Рафаел.
Скопје: Собранието денеска ќе ја одржи 26. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања.
Американскиот претседател во заминување Џо Бајден ги повика Американците да размислуваат во тишина и да се обединат за Божиќ, а новоизбраниот претседател Доналд Трамп понуди празнична честитка и голем број политички фокусирани објави на социјалните мрежи, при што двајцата политичари уште еднаш ги покажаа своите разлики.
Американскиот претседател во заминување Џо Бајден му нареди на американското Министерство за одбрана да продолжи да ги зголемува испораките на американско оружје и муниција за Украина, по руските напади врз клучната украинска енергетска инфраструктура, соопшти денеска Белата куќа.










