Author: Zoran Ivanov

Партијата „Герб“  на поранешниот премиер Бојко Борисов е победник на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми во последните две години, покажуваат првичните прелиминарни резултати од гласањето. „Герб“ освои 25 отсто од гласовите, што е за околу 10 отсто повеќе од реформистичката коалиција на партијата „Промените продолжуваат“ и десничарската Демократска Бугарија. Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинет. Политичките аналитичари прогнозираат дека и овие резултати, кои не се значително различни од претходните шест избори…

Read More

Прозападната грузиска претседателка Саломе Зурабишвили, изјави дека нема да ги признае резултатите од парламентарните избори одржани на 26. октомври и обвини дека земјата била жртва на „руска специјална операција“.

Read More

Едно лице загина, а неколку десетици се повредени во денешниот напад, кога камион удри во луѓе на автобуска станица во близина на Тел Авив. Тамошната полиција се сомнева дека е терористички чин.

Read More

Претседателот на Демократската унија за интеграција – ДУИ, Али Ахмети, испратил писма до претседателот и премиерот на Албанија, Бајрам Бегај и Еди Рама, претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, канцеларот на Германија Олаф Шолц, претседателот на Франција Емануел Макрон и државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

Read More

Шарл Мишел: Имајќи ги предвид најновите случувања, се уште сум апсолутно убеден, повеќе од кога било, дека кандидатите за членство во ЕУ би можеле да бидат подготвени за прием во Унијата до 2030 година- Ако сакаме поголема стабилност, поголема безбедност, просперитет во иднина, не смееме да дозволиме земјите од Западниот Балкан да западнат во „сива зона“, каде некои други ќе играат игри за да ги дестабилизираат тие држави и нивните институции, да ја дестабилизираат ЕУ и да ги дестабилизираат вредностите и демократските принципи. Ние имаме домашна задача што мораме да ја завршиме. Затоа ја имаме Стратешката агенда за да се…

Read More

А нашава влада место да се усериози, да порасне, да го совлада детското воодушевување од моќта на власта што ја има, само парадира и бара изговори за тоа што треба да го сработи, а не знае како. Не е лесно да се води држава. А, бе малку достоинство се бара. Нема квичење. Никој не ги притиска, народот е кроток, нема протести, демонстрации, стрплив е, има разбирање за проблемите. Ама секојдневната изненаденост од „состојбите што ги нашле од минатата власт“ сега веќе и нас нѐ изненадува.

Read More

Партијата којашто опозицијата го обвинува за проруски наратив, освои 53 отсто од гласовите наспроти 38,28 за блокот од четири проевропски партии, објави синоќа изборната комисија.

Read More

Софија: Граѓаните на Бугарија денеска избираат 240 пратеници во 51-тоНародно собрание. Ова се шести предвремени парламентарни избори по редовните на 4 април 2021 година. Последните предвремени избори се одржаа на 9 јуни годинава.

Read More