Author: Zoran Ivanov
Партијата ГЕРБ, на поранешниот премиер Борисов има убедлива, речиси 10-процентна предност во пресрет на парламентарните избори во Бугарија во недела – покажува последната анкета на агенцијата „Тренд“.
Милијардерот Илон Маск редовно бил во контакт со рускиот претседател Владимир Путин од крајот на 2022 година, се наведува во извештајот на Вол стрит џурнал, а пренесува и анализира иу бриселски Политико.
Пјонгјанг: Севернокорејското Министерство за надворешни работи денеска одби да ги потврди или негира извештаите дека Пјонгјанг испратил свои војници како поддршка на Русија во војната во Украина. Изјавата дојде откако во медиумите се појавија тврдења за такво испраќање на севернокорејски војници, на што Пјонгјанг реагираше со став дека и доколку се случило, тоа е целосно легитимно и во согласност со меѓународното право.
Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС што е уште една потврда на мојата одлука околу понатамошното членство во ЗЕЛС.
Севернокорејските војници од недела ќе почнат да се борат со украинските сили, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој, според неименувани официјални извори во Киев, одбил да се сретне со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш по самитот на БРИКС. Тој апелираше до Западот дека е потребен „опиплив притисок“ врз Москва и Пјонгјанг поради „ескалацијата“.
Тегави Мицковски и се фаќа за сламка, само да добие некоја мала концесија од ЕУ со која тој ќе си го спаси образот и ќе покаже дека неговото ” Не под бугарски диктат” со кое победи на изборите, дало резултати.
Нашиот премиер е третиот гениј кој предлага ваков ингениозен проект како национална стратегија кој е веќе е изготвен и објавен уште 1997 година и фаќа една педа прав во депоата на МАНУ.
Пред неколку дена, за време на посетата на Тирана, фон дер Лајен изјави дека конфликтите и несогласувањата меѓу земјите на Балканот се поттикнати од Русија за да го спречат европскиот интегративен процес на регионот. Со ова, таа испрати јасни пораки до Скопје и Софија дека секоја идна пречка во интегративниот процес ќе се смета за придонес кон целта на Русија.
Русија го нападна Кијив со беспилотни летала во текот на ноќта, што е 15-ти воздушен напад врз главниот град на Украина овој месец, соопштија денеска градските власти.
Вашингтон: Државниот обвинител од Мисури, републиканец, Ендрју Бејли, рече дека отворил истрага против Гугл затоа што пребарувачот наводно прикажувал само негативни написи за поранешниот претседател на САД и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп за време на претресите, со што, како што наведе, се цензурира конзервативниот говор пред „најважните избори во националната историја“.












