Author: Zoran Ivanov
По денешниот самит за Берлинскиот процес, германскиот канцелар Олаф Шолц ја истакна важноста на соработката во регионот на Западен Балкан, кој, како што рече, се уште е оптоварен со проблеми од минатото, пишуваат медиумите во регионот.
Јавното претпријатие за државни патишта извести дека шефот за контрола на наплатата на патарините во претпријатието, Миланчо Митревски, ќе биде разрешен од функцијата од страна на ЈП „Државни патишта“, откако СДСМ вчера обвини дека тој не плаќал при минување на наплатните пунктови, но и дека бил фатен во други скандали.
Шефовите на германското разузнавање издадоа остри предупредувања на денешното парламентарно сослушување за руската шпионажа и подготовките на Москва за воен конфликт со НАТО.
Сирените денеска се вклучија во централниот дел на Израел поради проектили истрелани од Либан, но израелската војска подоцна објави дека „ги пресретнала сите закани“, пренесуваат медиумите во регионот.
Кијив: Украинските сили веќе петти ден ги одбиваат руските обиди да ги пробие борбените линии во Курскиот регион, во западна Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми
Скопје: Обвинителката Ирина Трајкоска Стрезоски од Вишото јавно обвинителство Битола е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“
Џелал Незири: Десет години подоцна, Берлинскиот процес има зад себе серија резултати: конкретни инфраструктурни проекти кои ги олеснуваат врските во регионот, телефонски разговори без роаминг, дигитализација, признавање дипломи, интеграција на економиите во заедничкиот регионален пазар… Најважно од сето тоа е духот на соработка што е воспоставен на Балканот, без кој не може да се случи ниту помирување, ниту развој на овој регион. Линк
Десет години подоцна, Берлинскиот процес има зад себе серија резултати: конкретни инфраструктурни проекти кои ги олеснуваат врските во регионот, телефонски разговори без роаминг, дигитализација, признавање дипломи, интеграција на економиите во заедничкиот регионален пазар… Најважно од сето тоа е духот на соработка што е воспоставен на Балканот, без кој не може да се случи ниту помирување, ниту развој на овој регион.
Европската унија го менува пристапот кон воената помош за Украина и преминува на инвестиции во воено-индустрискиот комплекс на земјата, кој ќе произведува ракети, беспилотни летала и друго оружје со долг дострел.
Компанијата „Спејс Икс“ на милијардерoт Илон Маск денеска изврши успешна пробна летачка мисија со системот „Старшип“, петта по ред, со успешно враќање на Земјата на првата етапа од вселенскиот систем.
Вашингтон: Меѓу веројатните гласачи на претстојните избори во САД во ноември, демократката Камала Харис води со 50 отсто од гласовите, наспроти 48 отсто за републиканецот Доналд Трамп, покажа анкета на Еј-Би-Си Њуз/Ипсос.
Тел Авив: Бројот на ранети во нападот со дрон во областа Бињамина се искачи на 67, соопштија медицински лица.









