Author: Zoran Ivanov
Флорида се подготвува за една од најсилните тропски бури во последните сто години. Ураганот „Милтон“ се движи кон брегот на САД, а властите ги повикуваат жителите веднаш да се евакуираат.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска за првпат ќе пристигне во Хрватска за да учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа во Дубровник, кој го организира заедно со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.
Членот на Унгарската демократска коалиција Мартон Џекички денеска го нападна унгарскиот премиер Виктор Обран за време на прес-конференција во Европскиот парламент.
Министерката и не треба сега да се срамоти и да бара испис од регистарот на државјани на Република Бугарија. Таа потпишала дека се чувствува како Бугарка, ама кажала дека така се чувствувале и нејзините предци. Изјавата ќе остане во архивот на Министерството за правда во Софија и нема да помине долго време кога изјавата, заедно со илјадници изјави дадени од други наши сограѓани што извадија бугарски пасоши, ќе стане историска граѓа. Срѓан Ивановиќ За разлика од Чешка, Македонија, Албанија, Србија, Германија и САД, бугарската држава во барањето за државјанство бара со писмен документ да се изјасните дека сте Бугарин по…
Министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Орхан Муртезани, вели дека Брисел не гледа со голем оптимизам за предлогот за уставни измени со одложено дејство, но не го отфрлува целосно.
А, за нас многу поважно, “заборавиле” и самите пратеници и министри од ВЛЕН на зборовите на Албин Курти. Не само што не ја отпочнаа процедурата, владина или собраниска сеедно, за излегување од Отворен Балкан, не само што не ја иницираа и отпочнаа процедурата за уставни измени, туку веќе формално сме одделени во евроинтегративниот процес од Албанија, го премолчаа целосно наменското заладување на односите со Бугарија и ширењето на говорот на омраза, вклучително и наменското проблематизирање на односот со Грција; така што од трите наведени земји во изјавата на Албин Курти од лани, остана само неговата, Косово. Никица Корубин “Северна Македонија…
Стокхолм: Шведската кралска академија на науките денеска ги објави имињата на добитниците на Нобелова награда за физика и за медицина. Овогодишни добитници на Нобеловата награда за физика се Џон Ј. Хопфилд и Џефри Е. Хинтон „за фундаментални откритија и пронајдоци кои овозможуваат машинско учење со помош на вештачки невронски мрежи“. Додека американските научници Виктор Амброуз и Гери Рувкун, добитниците на овогодишната Нобелова награда за медицина за откривањето на микроРНК, односно фундаменталниот принцип што ја регулира активноста на гените. Во Стокхолм утре ќе биде објавено името на добитникот на наградата за хемија, в четврток ќе биде соопштен добитникот на Нобеловата награда…
Заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко денеска изјави дека НАТО ги разгледува опциите за воени операции против Русија, пренесуваат светски медиуми.
Кабранов: Мислам и на малите деца им е јасно дека сè што и натаму ветува Мицкоски за Македонија во ЕУ е лага вешто затскриенa зад неговите популистички потези со кои го пере мозокот на народот дека со ова власт ќе им тече мед и млеко, а ЕУ ќе дојде самај. Дестан Јонузи Подадената рака на опозицијата до власта сериозно да се разговара за европската иднина на државата, според познавачите на политичките текови во дипломатијата и домашната политика – дава можност парламентарното мнозинство заедно со опозицијата да разговараат за да изнајдат решение за европскиот пат на земјава. Според нив, доколку власта…
Портпаролката на Европската комисија за соседска политика и проширување, Ана Писонеро ексклузивно за „Фронтлајн“ изјави дека „Комисијата со нетрпение очекува почеток на преговорите за кластерите со Северна Македонија што е можно поскоро, откако земјата ќе ги исполни релевантните критериуми договорени од Советот“.













