Author: Zoran Ivanov
Киев: Украинските одбранбени сили употребија ракети АТАКМС за да уништат една од познатите руски радарски станици „Небо-М“, соопшти Генералштабот на украинската армија. Во соопштението се истакнува дека тоа уништувањето на радарот со долг дострел ќе создаде поволен „воздушен коридор“ и ќе и овозможи на Украина ефикасно да ги користи крстосувачките ракети „Сторм шадоу“ и „СКАЛП-ЕГ“ за нови мисии. Исто така се посочува уништувањето на рускиот радар „Небо-М“ значително ќе ги ослаби можностите на руската армија за откривање, следење и пресретнување на аеродинамични и балистички цели. Русија наводно има само десет активни системи на „Небо-М“, од кои секој чини над 100…
Сана: Јеменските Хути во текот на ноќта извршија напад над централниот дел на Израел, а армијата пресретна неколку цели.
Што ќе се случи со актуелниот министер Владо Мисајловски? Според засега непотврдените информации од нашите извори, актуелниот министер Мисајловски ќе биде назначен за амбасадор во ООН на местото на проф. д-р Љубомир Фрчкоски. Џабир Дерала Дали се спрема првата посериозна промена во владата на Христијан Мицкоски, само 100 дена откако ја воспостави? Неофицијални извори во владата, кои побараа да останат анонимни, откриваат дека веќе во ноември се планира првата реконструкција во владата на Мицкоски, вклучувајќи и смена на врвот во Министерството за одбрана. Според изворите, како најсериозен кандидат за нов министер за одбрана се споменува Драган Ковачки, кој во ноември го исполнува законскиот услов…
Пред 29 години, на 3. октомври 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година…
Пред 29 години, во 1995-та, на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски. Линк
Вугледер: Русија го зазеде клучниот источноукраински град Вугледар, ставајќи крај на повеќемесечниот отпор, а снимките потврдени од Си-Ен-Ен покажаа војници како мавтаат со руско знаме над урнатините на градското собрание во разурнатиот град, во кој неговото население се намали од околу 14.000 на помалку од 100.
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека не поддржува напади врз иранските нуклеарни постројки како одговор на ракетниот напад врз Израел.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, откако Иран лансираше ракети кон Израел, изјави дека Иран одговорил на „агресијата на израелскиот режим“, и дека е само дел од моќта на Иран. Тој му порача на Израел да не влегува во конфликт со Техеран.
Министерот за надворешни работи на Израел рече дека на шефот на Обединетите нации, Антонио Гутереш, му е забранет пристапот во земјата поради, како што верува, антиизраелската пристрасност на шефот на ОН.
Скопје: Европската федерација на филмски режисери ФЕРА, на 30 септември одржа вонредно годишно собрание на кое за почесен претседател беше избран Кен Лоуч – еден од најзначајните британски филмски автори во последните неколку децении.
Петрит Сарачини, новинар и аналитичар, во изјава за ЦивилМедиа, оцени дека во првите 100 ДЕНА ВЛАДА, нема конкретен напредок во ниту еден од трите приоритети во изборната програма.











