Author: Zoran Ivanov

Киев: Шефот на украинското разузнавање Кирило Буданов изјави дека од сојузниците на Москва, Северна Кореја е „најголемиот проблем“ за Киев поради масивното снабдување на Русија со артилериски гранати, што се користат на украинскиот фронт.

Read More

Владата на Србија донесе заклучок со кој се усвојува пакет правни и економско-социјални мерки насочени кон заштита на правата на Србите и виталните државни и национални интереси во Косово, оперативен план за спроведување на одредени мерки во социјално-економската област, како и Министерството за одбрана да поведе процедура за задолжително служење на воен рок. – Мерките подразбираат силна дипломатска кампања на сите државни органи за заштита и борбата за почитување на правата на српскиот народ на подрачјето на Косово, кои се загрозени од едностраните и насилни потези на Албин Курти, поради што е неопходно враќање на статус кво, како основа за…

Read More

Берлин: Германскиот канцелар Олаф Шолц ја отфрли можноста неговата земја да и обезбеди на Украина прецизно оружје со долг дострел, без оглед на одлуките донесени од сојузниците на НАТО.

Read More

Според историјатот за часовникот, првиот механизам бил поставен во 1936 година како воена репарација од Првата светска војна од Германија, а воедно и подарок во знак на благодарност за изградбата на германските гробишта во Битола. На врвот од кулата биле поставени петнаесет ѕвона тешки околу 900 килограми. На ѕвоната е напишано: „Благодарност на паднатите. Спомен за живите. Опомена за потомците“. Марјан Танушевски Градскиот часовник во Битола, најмаркантното архитектонско обележје на градот, културно историски споменик со непроценлива вредност, континуирано е најпривлечната локација за туристите од светот. Фотографиран од секаков агол и во секое време од денот од страна на туристите кои…

Read More

Рубин Земон: Денеска бев во Бугарија, никаков импакт немаше “културопошката дипломатија” таму. Слушав вести на националното бугарско радио ништо не споменаа за настапот на Македонската опера, кој кај нас на големо се фали! А скандалот со немањето на знамето на РСМ, “кантар не го мери”! За ваков скандал шефот на кабинет и шефот на протокол и други лица одговорни за овој “културолошки дипломатски излет” на претседателката, како и одговорните во МНР треба веднаш да поднесат ОСТАВКА! Нема никакво објаснување и оправдување! Исто така инсистирањето на “гушкањето” со Радев и Јотова делуваше крајно инфериорно …

Read More

Поминаа неколку години од овие  колумни што сум ги објавувала во НОВА. Сеедно, соништата за Ќосето остануваат живи. Пред повеќе од една година, градоначалничката на Скопје, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, најавуваше негово враќање. Сега сонот за Ќосето повторно се враќа на сцена, но овојпат кај молот Ист Гејт, што е најдобрата идеја воопшто смислена. Ѓубрето на паркингот спроти овој мол и реата која ја шири може единствено да ја сопре крволочното Ќосе, … Биљана Скуловска Неговото прво убиство било на 14 години. Оттогаш, во спомените на оваа земја станува запаметен како Касапот. Кога имал отприлика 18 години, во Мариовските…

Read More

Жарко Трајановски: По протокол, Радев и Сиљановска Давкова имале средба без македонско знаме и кабинетот немал никаков проблем со тоа. Проблем било тоа што имало фотографии од средбата: „Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен.“ (Кабинет на претседателката). А кој ја објави фотографијата која не била според протоколот? Па, вие ги објавивте…

Read More

Струмица: Долорес Лео Поповиќ ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 32. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Наградата ја доби за улогата на на Ања во претставата „Кенди“, според романот на Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, независна продукција „Златен Елец“ од Скопје.

Read More

Радев и Главчев ги „пресретнаа“ предвидливите вербални маневри (на делегацијата) на Силјановска-Давкова со изјави уште пред средбите.

Read More