Author: Zoran Ivanov

Претседателот на владата на Република Словачка, Роберт Фицо е во многу тешка состојба откако попладнево беше ранет во градите. Владината прес-служба соопшти дека состојбата на Фицо е животозагрозувачка. Оттаму додаваат дека тој ќе биде транспортиран со хеликоптер во градот Банска Бистрица, откако поради неговата состојба не било можно да биде пренесен во Братислава. Фицо е ранет во градот Хандлова, на 150 километри од Братислава, пред Домот на културата, каде што претходно се одржа седница на Владата, кога излегол меѓу собраните луѓе да ги поздрави. Лицето кое пукаше кон Фицо е уапсено. Според очевици, напаѓачот го повикал премиерот со зборовите „Робо,…

Read More

Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан денеска во обид за атентат пред владината зграда. Неколку минути по пукањето, на интернет се појави видео на кое се гледа како полицијата го апси атентаторот. Според словачките медиуми, напаѓачот испукал неколку куршуми кон премиерот. На видеото се гледа како петмина полицајци го апсат напаѓачот.

Read More

Лидерот на десничарско-националистичка партија Грчко решение, Кирјакос Велопулос од говорницата во грчкиот парламент искина лист со Договорот од Преспа. Ова е договорот од Преспа, ако имаше пристојна национална патриотска општествена влада, ова ќе го направеше овде, рече Кирјакос кинеќи фотокопија од Преспанскиот и додавајќи дека не постои ни северна ни јужна Македонија, Македонија е една, а тоа е Грција и ја повика грчката влада да ги стави на гласање меморандумите и сите да гласаат против. Донесете ги меморандумите за соработка со Скопје и сите да гласаме против, бидејќи тие го поништија Договорот, а не ние, рече Велопулос.

Read More

Медулин: Најмалку 30 јахти изгореа во голем пожар што избувна во пристаништето во Медулин на хрватското крајбрежје, јави полицијата во Истра. Пожарот се шири од една на друга јахта. Службите добиле дојава за пожар во пристаништето утрово во 03:55 часот. Досега изгореа 30 пловила, а неколку од нив потонаа. Пожарот се уште беснее, се слушаат и експлозии. Медиумите кои јавуваат за пожарот, пресметале дека  дека просечната цена на една јахта усидрена во тоа пристаниште е околу 150.000 евра.

Read More

Абил Бауш Пред владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои огромен предизвик да ги реализира своите ветувања за економски реформи и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Првите 100 дена ќе бидат критични за поставување на темелите на политики кои треба да овозможат долгорочна стабилност и просперитет Со стапувањето на власт на новата влада во Република Северна Македонија под водство на новиот премиер Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, се очекува да преземаат обврски чија реализација ќе биде критична за дефинирање на економската иднина на земјата. Првите 100 дена од нејзиното управување се сметаат за индикативен…

Read More

Гости на Слободна Телевизија на Слободен печат во ко-продукција со ЦИВИЛ, беа уредниците на ЦИВИЛ Медиа, Драган Мишев и Дехран Муратов. Повод на гостувањето беше тоа што ЦИВИЛ скоро четврт век, со својот иделаизам од невозможното прави возможно во полето на човекот, на единката, на индивидуата. Тимот на Организацијата е борецот за континуитет, слобода, еднаквост, мултикултура … -Нашата улога е човечка, граѓанска. Ние сме тука да им ја пренесеме вистината на граѓаните. Тоа е затоа што живееме во свет каде што граѓаните повеќе веруваат во добро спакувана лага, отколку на факти и вистина. Во ова време, за жал, граѓаните ќе…

Read More

Неодамнешното германско истражување покажа дека 57 отсто од младите ги апсорбираат вестите и политиката преку социјалните мрежи. Повеќе од 90 отсто ја користат услугата за пораки Вотсап, потоа Инстаграм (80 отсто) и Јутуб  77 %. ТикТок се користи од 51 процент; повеќе од половина од сите млади од 14 до 29 години сега ја користат апликацијата редовно, во споредба со 44 отсто минатата година. Ова предизвика итна реакција од германскиот министер за здравство Карл Лаутербах, кој во своето прво видео на платформата, објавено на 19 март, изјави: „Револуцијата на ТикТок започнува денес“. Другите анкети покажуваат дека младите гласачи се разновидни,…

Read More

Има се повеќе докази дека европската екстремна десница ќе постигне историски добри резултати на претстојните избори за Европскиот парламент од 6 до 9 јуни и дека младите гласачи ќе го поттикнат нејзиниот подем. Младите луѓе кои сега гравитираат кон екстремната десница не се нацисти или ксенофобични расисти, но тие би можеле да влијаат на промената на приоритетите и акцентите на Европската унија кон десно, пишува Форин Полиси. Особено солиден десничарски резултат и соработка низ целиот екстремно десничарски спектар би можеле да го разнишаат единството на Европската унија и да ја попречат во време кога таа се соочува со акутни кризи на…

Read More

Скопје: Ноќеска по полноќ бил запален службениот автомобил ,пасат на Зоран Јовановски, директорот на затворот Идризово. На 15. 5. 2024 околу 03.35 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј., се наведува во информацијата од Министерството за внатрешни работи.

Read More