Author: Zoran Ivanov
Зоран Иванов Ѝ почна мандатот претседателски, го заврши говорот, матријахално ги мотивираше жените, ги охрабри демек способните и толку, за блокираните ЕУ интеграции од страна на нејзината матична патрија поддржувач ниту збор па, како почна, како инаугуративно се промовираше, ако вака предизборно продолжи, ако Калето и Брисел бргу не ѝ мавнат по две три заушки во стилот професорке доста беше фолирање, државата не е факултетска катедра, ако и оттаму ѝ премолчат, кажано во оваа една реченица, нашата љубена Татковина, нашата мила Македонија, ќе си продолжи и натаму партиско патриотски да си чмае и да си се препелка во сопствената немоќ…
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен преку објава на социјалната мрежа Икс порача дека почитувањето на Договорот од Преспа е обврзувачки за земјата да го продолжи патот кон Европската Унија.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вели дека е многу разочарувачки што новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, не го употребила уставното име на државата при денешната свечена заклетва.
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата заклетвата на Силјановска ја прави ништовна
Кренар Лога, министерот за правда во техничката Влада во реакција на денешниот говор на претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова оценува дека таа не го испочитувала уставното име на државата и оти со тоа нејзината заклетва е ништовна.
Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам го повикуваме новото раководство на Северна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ, напиша на платформата Икс претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис.
Гордана Силјановска Давкова ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести.
Денеска во Скопје на 151-вата собраниска седница Гордана Силјановска Давкова пред пратениците ја даде свечената изјава со што и официјално ја презеде должноста Претседател на Република Северна Македонија. Силјановска Давкова потоа се обрати до пратениците и јавноста. Во својод подолг говор таа зборуваше главно за жените и нивните можности во политиката посочувајќи се и себеси како пример. Новоизбраната претседателка на државата не спомна ништо за надворешната политика на Република Северна Македонија, за евороинтеграциите и за штетноста на македонсаките меѓународни договори пораки со кои остро и до степен на нивно негирање настапуиваше во предизборната кампања.
Најавата за задолжување на Македонија со кредит од милијарда евра за експертите е загрижувачки потег
Емилија Мисирлиевски Најавата за задолжување на Македонија со кредит од милијарда евра за која веќе преговарал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски со влада на друга земја, за експертите е загрижувачки потег, затоа што не се знаат условите и потсетуваат на едно лошо искуство со познатата „Милијардата од Тајван“ и пеналите што ги плаќаше државата пред повеќе од две децении.
Скопје: На инаугурацијата на Гордана Силјановска-Давкова, како нов Претседател на Северна Македонија нема да присуствуваат претседателите од соседните држави туку само амбасадорскиот кор во Скопје.
Претседателот на Република Северна Македонија ја претставува државата.
Претседателот на Република Северна Македонија ја претставува државата. Тој е врховен командант на вооружените сили. Своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите, а се бира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години.














