Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За да се примени проектот „Отворен Балкан“, потребно е сите ние да го прифатиме како свој, а не како наметнат

0
By Ivana on March 8, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Стопанската комора и копретседавач на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески, на 10. панел во рамките на 29. „Копоаник бизнис-форум“ на тема „Регионалната соработка како предуслов за одржлив раст“ испрати порака дека за да се забрза процесот, мора да се одговори на неколку прашања што го оптоваруваат.Регионалното економско обединување сѐ уште има многу неодговорени прашања и дилеми на кои земјите од Западен Балкан треба да работат.

  1. Колку заостануваме зад другите? Пред пандемијата во 2019 година, според „Еуростат“, вкупниот БДП на шесте земји од Западен Балкан бил 101 милијарда евра и сме имале 18 милиони жители на овој простор. За споредба, Чешка во истиот период сама имала 225 милијарди евра БДП со над 10,7 милиони жители, Португалија 214 милијарди евра БДП на 10,3 милиони жители, а Романија 223 милијарди евра БДП на 19,2 милиони жители. 
  1. Што подразбираме поточно под регионална соработка: можност секоја земја поединечно да се развие или развој на регионот со јасно дефинирани правила на игра?
  2. Дали различните статуси што ги имаат државите на Западен Балкан можат да го попречуваат процесот (како што е СТО, НАТО, ЕУ итн.)?
  3. Каква е улогата на државите во поглед на заедничката инфраструктура, заедничкото железничко поврзување, заедничкото снабдување со гас итн.?
  4. Која е крајната цел на процесот: дали е тоа создавање некаква царинска унија?
  1. Дали за странските директни инвестиции ќе изградиме заедничка политика?   
  2. Дали некој ни пречи на тој пат како бизнис? Да речеме дека ни пречат државите, го кочат тој процес; ние самите го кочиме како компании, но и надворешните фактори го кочат процесот.

Ако на овие отворени прашања, за кои сѐ уште постои потреба од дебати и од разговори, усогласување ставови и политики меѓу државите, им се додадат и економските случувања во светот (пандемијата, која произведе економска и финансиска криза, енергетската криза, како и последните случувања во Украина, за чиј исход засега никој не го знае одговорот), претседателот Азески вели дека влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот. Компаниите во овој момент се наоѓаат во многу тешка позиција, бидејќи ваквите неизвесности се смрт за инвестициските активности и за нивниот развој.

Четири дена на балканскиот Давос, организиран од Алијансата на економисти на Србија, под директно водство на претседателот на Српското здружение на економисти, Александар Влаховиќ, под слоганот „Србија 2030: агенда за одржлив развој“, се реализираат вкупно 33 панели со 200 панелисти и со 8 пленарни говори, на кои ќе се дебатира за тековни и за стратешки теми од значење за економскиот развој на Западен Балкан и за поствизијата на новата нормалност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.