ДУИ изборите ги оцени како фер и демократски и соопшти дека според првичните резултати кои пристигаат во нивниот штаб тие убедливо водат во однос на нивните ривали од ДПА.
Водиме најмалку со 2 спрема 1 а на некои избирачки места таа разлика во наша корист е и 4 спрема 1, изјави Бујарм Османи од ДУИ.
Од ДПА пак не соопштија резултати но се пожалија на како што велат софистицирани нерегуларности на изборите.