Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За два дена почнува манифестацијата „ФИЛМСКА КУЛТУРА“ во рамки на одбележувањето 30 г. од независноста

0
By Mirjana on August 18, 2021 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како дел од планираните активности по повод одбележувањето на 30 години од осамостојувањето на Република Северна Македонија, во периодот од 20. до 26. август 2021 година, ќе биде реализирана културна манифестација именувана како „ФИЛМСКА КУЛТУРА“.

Домаќини на овој настан, кој се реализира со поддршка на Владата ќе бидат Тетово (20 – 22. август), Битола (20 – 22. август) и Скопје (22, 25, 26. август), во чии рамки ќе биде прикажана селекција од краткометражни, документарни и играни филмови од македонска продукција.

За време на манифестацијата ќе биде одржана и свечена академија на тема „Македонскиот игран филм во следната декада“ каде акцентот ќе биде ставен на интеркултурната димензија и универзалниот јазик на филмската уметност. Како дополнителна програма ќе бидат одржани и три концерти, во секој град, насловени „Филмот може да се слуша“, во чии рамки ќе биде интерпретирана филмска музика.

– Денес, кога се пребројуваат и се апсолвираат сите премрежија, транзиции, успеси и падови и се слави 30. годишнината од независноста, исклучително е важно да се обрне внимание на културата, односно да се евалуира создаденото. Не е нескромно ако се каже дека техничкиот и креативниот развој на филмот, денес е со највидливи резултати од сите области на културата. Затоа, владината поддршка на настанот „Филмска култура“ е особено важна за граѓаните, за афирмација на нашите културолошки вредности, и за филмската уметност. Во три града, во три дена ќе се слави модерната кинематографија, но и ќе се потсетиме на развојниот синеастички пат, на авторите кои се дел од оваа значајна тридецениска историја”, изјави Томи Салковски, Продуцент.

Посетителите ќе можат да ги проследат настаните на следните локации: „Центар за култура “ Тетово, „Центар за култура“ Битола и Кинотека на Северна Македонија – Летно Кино „Мирно лето“  во Скопје. Културната манифестација „Филмска култура“ ќе биде организирана според сите пропишани протоколи за заштита од Ковид-19.

 

 

почнува фестивалот филмска култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.