НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За една недела 134 заразени од морбили, најмногу од прогласувањето на епидемијата

0
By Нова ТВ on May 17, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За една недела регистрирани се 134 ново заразени лица од морбили.

Во последните десетина недели овој број континуирано се одржува околу 100, но ова е највисоката бројка регистрирана воопшто откако беше прогласена епидемијата.

„Од новозаболените 48 се од Скопје, а останатите 86 се од десет други градови со што вкупниот број на  градови во кои има заразени од морбили е 22“ рече д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје денеска пред Министерство за здравство.

Вкупниот број на регистрирани заразени од морбили од почетокот на епидемијата, е во постојан пораст и последната бројка изнесува 1.524.

Најголем број се возрасни лица над 30 годишна возраст.

„ Што се однесува до вакциналниот статус од сите заболени на неделно ниво 70 проценти се невакцинирани, со непознат статус или непотполно вакцинирани“ рече Кузмановска.

Таа додаде дека и во наредниот период ќе има ново заразени лица и не очекува брзо смирување на епидемијата.

„Со тешки компликации,  бронхопнеумонија, дијареа и други потешки инфекции се околу 16 проценти од сите заболени, но бројката во однос на хоспитализираните е нешто повисока и се движи повеќе од 40 проценти“ рече Кузмановска.

Вкупно вакцинирани деца до 14 годишна возраст од почетокот на кампањата досега се 25.808.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.